Димитровски, Ѓоргиевски, Божиновски и Манојан заминуваат од Работнички
Работнички не успеа да избори пласман на европска сцена за следната сезона, а тоа неминовно ќе донесе и одредени промени во тимот. Засега се познати четири имиња на фудбалери кои заминуваат од клубот.
На дефанзивецот Владимир Димитровски му истече договорот и тој си заминува од редовите на Работнички. Исто така спогодбено се раскинати договорите и со голманот Даниел Божиновски, Бојан Ѓоргиевски и со Давит Манојан.
Работнички ја заокружи изминатата сезона со пласман на седмата позиција.