Кореецот Хјунг-јон Ли потпиша за Работнички
Работнички го доведе првото засилување за новата сезона. Корејскиот интернационалец Хјунг-јон Ли потпиша двегодишен договор со клубот и е првата аквизиција под раководство на новиот тренер Александар Влахо.
Хјунг-јон Ли има 21 година, игра во средниот ред и во изминатиот период настапувал во неколку германски нисколигаши. Доаѓа од клубот Гиншајм, а претходно бил член и на Фонтана Финтен и Вехен.
Првата прозивка за новата сезона Александар Влахо ќе ја изврши на 26 јуни, а дотогаш раководството ќе работи на ангажман на уште неколку нови засилувања.