ФОТОГАЛЕРИЈА: Влахо означи старт – со реновиран состав но со исти амбиции!
Со реновиран состав, во однос на претходната сезона, но со исти амбиции за борба за европски излез и во новата сезона, ФК Работнички денеска под водство на новиот стратег Александар Влахо ги почна летните подготовки.
„Целта, како и секогаш кога е во прашање Работнички, секако е европски излез. И покрај тоа што ќе бидеме подмладени јасно остануваат нашите зацртани цели и за новата сезона“ – истакна Влахо пред денешниот прв тренинг со „романтичарите“.