Пораз (2-1) од Вардар на тестот во Хиподром
Работнички доживеа пораз (2-1) од Вардар на пријателскиот натпревар што се одигра во Хиподром. Поради силниот дожд, тестот беше префрлен од игралиштето во Аеродром на тренинг – базата на Вардар. Тимот на Александар Влахо одигра во рамките на моментните можности, а единствениот гол за Работнички беше дело на Марко Клисура. Аврамовски од пенал и Ибиши беа стрелци на головите за Вардар, откако првото полувреме заврши без погодоци.
За Работнички мечот го започна следниот тим: Јанков, Херера, Шаркоски, Клисура, Велкоски, Ф. Стојчевски, Ацковски, Максимов, Јаго, Тошевски, Марковиќ. Во вториот дел тренерот Влахо им даде шанса и на другите фудбалери.