Иван Марковиќ, ново засилување за Работнички
Српскиот интернационалец Иван Марковиќ е ново засилување на Работнички. Тој потпиша договор на една година и треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија. Тој е напаѓач кој може да одговори и како офанзивен играч за врска. Има 25 години и доаѓа од грчкиот клуб Каламата.
Младинскиот стаж го стекнал во српскиот клуб Партизан, а потоа гради и интернационална кариера. Бил член на Корона Кјелце (Полска), ЦСКА Софија (Бугарија), Левадијакос (Грција), Черно Море (Бугарија), Геонгам (Кореја), Ескилстуна (Шведска). Во Србија има настапувано за Вождовац и за Радник.
Работнички утре (18 часот) ќе одигра пријателски натпревар против второлигашот Брегалница на Градскиот стадион во Штип.