Драган Стојков, нов член на Работнички
Работнички го ангажираше фудбалерот за врска Драган Стојков. Тој потпиша едногодишен договор со клубот и доаѓа од редовите на второлигашот Беласица.
Драган Стојков (31) има богато интернационално искуство, има настапувано за грчките клубови Егалео и Илисијакос, српските тимови Јагодина и Напредак Крушевац, а голем дел од кариерата помина и во Соединетите Американски Држави, каде беше член на ЛА Галакси, Инди и Сент Луис.
Минатата сезона Драган Стојков имаше 29 настапи во дресот на Беласица. Во струмичкиот тим тој и ја почна кариерата.