Бошко Паповиќ, ново име во нападот на Работнички
Српскиот интернационалец Бошко Паповиќ е најново име во таборот на Работнички, кој треба да биде освежување за навалната линија на „романтичарите“.
Тренерот Александар Влахо и управата на клубот продолжуваат со засилување на играчкиот кадар, а со ангажманот на Паповиќ би требало дополнително да се засили нападот на повеќекратниот првак на Македонија.
Станува збор за млад и перспективен 22-годишен фудбалер кој поголемиот дел од кариерата го мина во младинската школа на Војводина. Паповиќ денеска го стави потписот на договорот со Работнички, по што му се стави на располагање на стручниот штаб.
Тој е второто засилување за „романтичарите“ што потпишува во текот на денешниот ден, откако претходно истото го стори и играчот за врска на Беласица, Драган Стојков.