Дамјан Шишковски се врати во Работнички, тимот замина на подготовки во Банско
Голманот Дамјан Шишковски по финската епизода повторно е член на Работнички. Тој потпиша едногодишен договор со клубот, а од денеска му се става на располагање на тренерот Александар Влахо.
Шишковски замина од Работнички во Лахти во зимскиот преоден рок во 2018 година, а изминатава сезона беше член на Ропс, за кој настапуваше и во квалификациите за Лигата на Европа. Откако завршија неговите обврски со финскиот клуб, сега комплетно е на располагање на тренерот Влахо.
Тимот на Работнички утринава замина на подготовки во Банско. Таму ќе одигра четири пријателски натпревари, а противници се израелските клубови Хапоел Нир Рамат Хашарон (21 јули) и Хапоел Рамат Ган (24 јули), бугарскиот тим Септември (26 јули) и Алтин Асир (27 јули) од Туркменистан.