Работнички ремизираше против израелскиот Хапоел Рамат Ган
Работнички ремизираше (2-2) на вториот пријателски натпревар на подготовките во Банско, против израелскиот тим Хапоел Рамат Ган. Тимот на Александар Влахо имаше водство од 2-1 по првиот дел, со двата гола на Марковиќ, но Хапоел Рамат Ган израмни во второто полувреме.
Марковиќ во седмата минута го постигна првиот гол од пенал, а потоа стрелаше и во 33.минута.
Тренерот Александар Влахо на почетокот на мечот го изведе следниот состав: Шишковски, Илиќ, Клисура, Херера, Шаркоски, Стојков, Тодоровски, Фазлиу, Јаго, Марковиќ, Паповиќ. Во вториот дел добија шанса и останатите фудбалери.
Следниот пријателски натпревар е в петок (26 јули) против бугарскиот тим Септември.