Работнички учесник на турнирот „Вуко Каров“ во Кавадарци
Тимот на Работнички денеска ќе учествува на 20.јубилејно издание на турнирот „Вуко Каров“ во Кавадарци. На турнирот ќе учествуваат и домаќинот ГФК Тиквеш и Беласица, а мечевите ќе се играат по „италијански систем“, по 45 минути.
Од 17 часот, се среќаваат Работнички и Беласица, од 17. 45 следи дуелот меѓу ГФК Тиквеш и Работнички, а потоа ќе играат и ГФК Тиквеш – Беласица.