Работнички второпласиран на „Вуко Каров“
Работнички беше учесник на 20.јубилејно издание на традиционалниот турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци и го освои второто место, зад Беласица. На третото место се пласира домаќинот ГФК Тиквеш. Турнирот се играше по италијански систем, секој со секого по 45 минути.
Работнички загуби од Беласица со 2-0, а го совлада Тиквеш со 2-1. Стрелци на головите за нашиот тим беа Стојчевски и Паповиќ.
Утре Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Ренова, на стадионот на Алумина во Скопје, со почеток во 17.30 часот.