Страхиња Крстевски, ново засилување за Работнички
Работнички го ангажираше напаѓачот Страхиња Крстевски (22). Поранешниот младински репрезентативец на Македонија доаѓа како позајмен играч од редовите на српскиот првак Црвена Звезда. Крстевски потпиша договор на една сезона и ќе го засили нападот во составот на Александар Влахо.
Страхиња Крстевски ја почна кариерата во Пролетер Зрењанин, беше член и на бугарскиот тим Локомотив Софија, а минатата сезона потпиша договор со Црвена Звезда, по што беше позајмен во Графичар.