Пораз (2-1) од Струга Трим Лум на стартот од сезоната
Работнички доживеа пораз од 2-1 на гостувањето кај Струга Трим Лум, на стартот од новата сезона во Првата фудбалска лига. Тимот на Александар Влахо создаде неколку шанси, но слабата реализација на крајот беше пресудна да остане без бодови на овој меч.
Работнички одлично го стартуваше натпреварот. Во деветтата минута Иван Марковиќ успеа да го доведе нашиот тим во водство. Сепак, Струга Трим Лум израмни со одличниот шут на Бурхан Мустафов во 23.минута.
По ова Работнички имаше неколку шанси. Најизгледната беше за Кристијан Ацковски, кој изби сам пред домашниот голман но не успеа да ја погоди мрежата.
Во 61.минута, Нијас Лена направи целосен пресврт. Тој одлично реагираше на нафрлувањето на Мустафов и ја затресе мрежата на Дамјан Шишковски. Во 75.минута Гомес Јаго имаше можност за израмнување на резултатот, но не успеа да реализира.
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ 2-1 (1-1)
Стадион во Струга. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци: Мустафов 22’, Нијас 61’ (С), Марковиќ 9’ (Р).
СТРУГА ТРИМ ЛУМ: Ѓуриќ, Тафе, Таири, Драгарски, Мустафов, Шеји, Цветаноски, Касами, Лена, Рамадани, Кировски.
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиќ, Клисура, Херера, Шаркоски, Стојчевски, Ацковски, Стојков, Марковиќ, Паповиќ, Јаго.