Работнички со убедлив триумф над Велазерими во осминафиналето на Купот
Работнички се пласира во осминафиналето на Купот на Македонија со убедлив триумф (0-4) против Велазерими во Кичево. Тимот на Александар Влахо беше доминантен во текот на целиот натпревар и заслужено стигна до победа.
Работнички поведе во 38.минута, со голот на Драган Стојков и имаше минимална предност на полувремето. Во вториот дел „романтичарите“ го потврдија триумфот уште со три гола.
Бошко Паповиќ во 53.минута зголеми на 0-2, а три минути подоцна Љавдрим Фазлиу постигна и трет гол за Работнички. Давид Тошевски во 84.минута го постави конечниот епилог на овој меч, трасирајќи го патот на Работнички во осминафиналето на Купот на Македонија.