Дејан Јакимовски ќе го суди мечот Вардар – Работнички
Работнички ќе игра против Вардар во третото коло од новата сезона во Првата лига. Мечот е закажан за в сабота на арената „Тодор Проески“ со почеток во 17 часот и ќе има директен ТВ пренос. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Дејан Јакимовски (Скопје), а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Даниел Василевски (Скопје). Четврти судија ќе биде Кристијан Џонов (Штип).
За делегат на натпреварот е одреден Адмир Зеќировиќ од Скопје, а контролор на судењето ќе биде Душко Милошески (Скопје).