Работнички го доби Пелистер за ривал во осминафиналето на Купот на Македонија
Работнички ќе се сретне со второлигашот Пелистер во осминафиналето на Купот на Македонија. Во просториите на Куќата на фудбалот денеска беа извлечени осминафиналните двојки во најмасовното фудбалско натпреварување.
Работнички ќе гостува на првиот натпревар кој е закажан за 25.09.2019. во 15.30 часот, а реваншот ќе го игра на домашен терен, 30.10.2019 во 13.30 часот.