Стефан Јевтоски потпиша за Работнички
Работнички ангажираше уште едно засилување пред крајот на летниот преоден рок. Нов член на клубот е Стефан Јевтоски, поранешниот младински репрезентативец кој изминатиот период градеше интернационална кариера, а во Македонија настапуваше за Металург. Тој потпиша едногодишен договор со Работнички.
Јевтоски ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред во тимот на Александар Влахо. Доаѓа како слободен агент, а претходно беше член на Арсенал Киев, Вараждин и на Локомотив Пловдив.
Работнички денеска ќе го игра натпреварот од четвртото коло во Првата фудбалска лига. На домашен терен на арената „Тодор Проески“ го пречекува составот на Академија Пандев. Мечот е закажан за 16.30 часот и ќе има директен пренос на Спорт Арена и на МТВ.