Важен триумф (1-0) над Ренова за бегство од дното
Работнички ја оствари третата првенствена победа, и на најдобар начин го прослави 82.роденден на клубот. Тимот на Александар Влахо ја совлада Ренова со 1-0, во премиерниот меч од деветтото коло во Првата фудбалска лига. Погодокот беше всушност автоголот на дефанзивецот Ненад Мишковски од Ренова, кој во 58.минута ја затресе сопствената мрежа.
Петковски и Силјановски во првиот дел сериозно се заканија кон голот на Ренова, но на полувреме се замина без голови. Сепак, се затресе мрежата на Ренова во 58.минута.
Херера нафрли од слободен удар, а Мишковски сакајќи да расчисти, со глава ја затресе мрежата на Хадис Велии.
Во 81.минута беше досуден пенал за Работнички, откако Петар Петковски беше соборен во казнениот простор. Но, Иван Марковиќ, не успеа да го реализира пеналот. Тој ја погоди гредата од противничкиот гол. Сепак, на крајот сосема заслужено трите бода му припаднаа на Работнички. Сега тимот со 10 бода се наоѓа на седмата позиција.
РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-0 (0-0)
Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Марјан Стојановски (Кичево). Стрелец: Мишковски автогол 58’ (Работнички). Ж. картони: Јевтоски, Стојков, Марковиќ, Тошевски (Работнички), Велија, Алиу, Садики (Ренова).
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Клисура, Велковски, Херера, Јевтоски (81’ Тодоровски), Стојков, Шаркоски, Петковски (89’ Крстевски), Марковиќ (85’ Ацковски), Тошевски.
РЕНОВА: Велии, Велија, Н. Садики, Мишковски, Миовски (49’ Кадриу), Алиу, Фетаи (60’ Велиу), Б. Садики, Адеми, Р. Селмани, Ј. Селмани (52’ Сефо).