Јосип Бартон ќе го суди мечот Работнички – Струга Трим Лум
По репрезентативната пауза, продолжуваат активностите во првенството на Македонија. Работнички в сабота, со почеток во 14.30 часот, ќе го пречека составот на Струга Трим Лум на арената „Тодор Проески“. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија на натпреварот ќе биде Јосип Бартон од Скопје, а ќе му помагаат Иса Емурли (с.Шемшово) и Дарко Јовчевски (Тетово). Четврти судија ќе биде Фуркан Идризи (Тетово).
За делегат на натпреварот е одреден Зоран Јовановиќ (Валандово), а контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев (Штип).