Основан во 1937 година како идеја за постоење на организиран фудбалски клуб во Дебар Маало, клубот ФК Работнички е судбински врзан за љубителите на фудбалот во Скопје. Низ годините изгради имиџ на еден од најпознатите македонски фудбалски клубови.
Во ера на модерниот европски фудбал, визијата на ФК Работнички е да продолжи да се развива и надградува и успешно да се претставува во најквалитетното ниво во Македонија, но и во европски рамки.
ШАМПИОН на Првата македонска фудбалска лига (4): 2004/05, 2005/06, 2007/08, 2013/14
КУП ПОБЕДНИК на Македонија (4): 2007/08, 2008/09, 2013/14, 2014/15
ШАМПИОН на Втората македонска фудбалска лига (1): 1997/98
ШАМПИОН на Македонската републичка лига (10): 1951/52, 1953/54, 1954/55, 1956/57, 1957/58, 1965/66, 1967/68, 1972/73, 1976/77, 1979/80
ОСВОЈУВАЧ на Републички куп (5): 1953/54, 1956/57, 1973/74, 1982/83, 1987/88