Пораз (2-0) од Шкупи на Чаир
Работнички го претрпе седмиот пораз во првенството, откако во 11.коло загуби на Ќаор од Шкупи со 2-0. Промената на тренерската позиција не донесе веднаш позитина резултатска промена. Нашиот тим со 10 освпени бода остана на десеттата позицина на табелата.
На стартот од мечот Работнички добро парираше, се закани и преку Петар Петковски, но, сепак, Шкупи на полувреме замина со предност. Бесар Исени во 36.минута искористи една слаба реакција во одбраната на Работнички, прифати топка на 20 метри, влезе во шеснаесетникот и со удар по земја успеа да го совлада Шишковски.
Давид Тошевски имаше обид за израмнување, но не го загрози сериозно Алексовски.
Во вториот дел, Работнички ја отвори играта, се обиде да стигне до израмнување, но Шкупи постигна втор погодок. Во 75.минута, по акцијата од десната страна, топката дојде до Сержињо, кој со одмерен удар ја затресе мрежата на Шишковски. Претходно, Шишковски имаше извонредна интервенција кога Марин Јурина излезе сам во противничкиот шеснаесетник.
Во следното коло, Работнички на 26 октомври (13.30 часот) го пречекува Вардар.
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-0 (1-0)
Стадион Чаир. Судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Стрелци: Исени 36’, Сержињо 75’ (Шкупи). Ж. картони: Ндонг (Шкупи), Шаркоски (Работнички).
ШКУПИ: Алексовски, Ндонг, Стојановски, Адили, Кривањева, Билали, Бајрами (84’ Дарбо), Мухарем (90’ Илиески), Сержињо, Исени (72’ Ламине), Јурина.
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски (74’ Марковиќ), Илиќ, Велковски, Херера, Јевтовски, Стојков, Шаркоски, Ацковски, Петковски (64’ Паповиќ), Тошевски.