Шкендија, четвртфинален ривал на Работнички во Купот
Работнички ќе игра против Шкендија во четвртфиналето на Купот на Македонија. На денешниот ждреб во просториите на ФФМ беа одредени двојките за следната фаза во најмасовното домашно натпреварување.
На првиот меч Работнички ќе биде гостин во Тетово на 4 декември, а реваншот ќе биде во Скопје на 4 март следната година.
Во останатите двојки се среќаваат: Шкупи – Академија Пандев, Струга ТЛ – Ренова, Брегалница – Лабуништа.