Реми (1-1) против Академија Пандев во Струмица
Работнички ремизираше 1-1 против Академија Пандев во Струмица во воведниот натпревар од 13.коло во Првата фудбалска лига. Домаќинот поведе со голот на Кристијан Стојковски во 29.минута, а израмни Николче Шаркоски во 72.минута.
Интересен беше дуелот на стадионот „Младост“. Првата сериозна шанса ја имаше Марио Крстовски во петтата минута, од изгледна можност шутираше крај дирекот. Себастијан Херера се обиде од слободен удар, но за малку над голот на Чубраковиќ.
Академија Пандев поведе во 29.минута. Кристијан Стојковски реализираше по проигрувањето на Михаил Маневски од левата страна.
Работнички беше многу подобар ривал во второто полувреме. Во 72.минута, по слободниот удар на Херера, голманот Чубраковиќ ја одби топката, а Николче Шаркоски успеа да ја погоди мрежата на домаќинот.
Во 84.минута, Работнички можеше а дојде и во водство, но Чубраковиќ двапати реагираше извонредно. Прво го одбрани ударот со глава на Илиќ, а потоа и на Давид Тошевски. Потоа и Академија Пандев имаше убава можност. Марко Рајковиќ имаше одлична шанса, шутираше од петерцот, а Дамјан Шишковски фантастично одбрани.
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-0)
Стадион „Младост“ во Струмица. Судија: Јосип Бартон. Стрелци: Стојковски 29’ (Академија Пандев), Шаркоски 72’ (Работнички). Ж. картони: С. Пандев (Академија Пандев), Клисура, Тошевски, Ацковски, Херера, Шаркоски (Работнички).
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Томовски, Маслаќ, Димов, Маневски, Илиев, Николов, Танушев (81’ Рајковиќ), Стојкоски (88’ Атанасковски), С. Пандев (66’ Миловановиќ), Крстовски.
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиќ, Клисура, Херера, Стојков, Ацковски (86’ Фазлију), Шаркоски, Јаго (68’ Јевтоски), Марковиќ (90’ Паповиќ), Тошевски.