Работнички ремизираше (1-1) против Силекс
Работнички ремизираше 1-1 против Силекс на арената „Тодор Проески“ во 17.коло од Првата фудналска лига. По ова, нашиот тим е на десеттата позиција на табелата со 15 освоени бода.
Работнички беше подобар ривал, создаде неколку изгледни шанси, но искористи само една преку Иван Марковиќ во 14.минута, а Силекс успеа да израмни со голот на Стефан Ѓуриќ во 61.минута.
Во последните мигови од првиот дел, Работнички немаше среќа со оглед дека топката заврши во гредата од голот на Божиновски.
Во 64.минута, Петар Петковски имаше одлична можност за ново водство за Работнички. Првиот удар Божиновски го одбрани рефлексно, а потоа Петковски не успеа да погоди од непосредна близина.
Во 82.минута Херера упати силен удар, но Божиновски успеа да одбрани и дуелот заврши со поделба на бодовите.
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-1 (1-0)
Национална арена „Тодор Проески“. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелци: Марковиќ 14’ (Работнички), Ѓуриќ 61’ (Силекс). Ж. картони: Јевтоски, Херера, Тошевски (Работнички), Карчески, Грозданоски, Благојевиќ, Костовски, Ивановски (Силекс).
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиќ, Велковски, Херера, Стојков, Јевтоски, Шаркоски (55’ Петковски), Фазлију (62’ Јаго), Марковиќ, Тошевски.
СИЛЕКС: Божиновски, Ивановски, Благојевиќ, Серафимовски, Х. Грозданоски, Карчески, Додев, Дурански (87’ Митевски), Д. Грозданоски (46’ Ѓуриќ), Костовски, Жеравица (46’ Јусуф).