Боби Величков ќе го суди куп-натпреварот Шкендија – Работнички
Работнички в среда (13 часот) во Тетово ќе го игра првиот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија. Одредени се официјалните лица за овој меч.
Главен судија ќе биде Боби Величков од Велес, а ќе му помагаат Петар Новачев (Велес) и Душко Панов (Кавадарци). Четврти судија е Игор Иванов (Велес). За делегат е одреден Арбен Борова (Струга), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).