Шаќири ќе го суди мечот Ренова – Работнички
Работнички в недела (13 часот) гостува во Тетово и во 18.коло ќе ги одмери силите со Ренова. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Албрим Шаќири од Струга, а ќе му помаагат Ацо Мацевски и Разме Бакрачески. Четврти судија е Јован Качевски.
За делегат на натпреварот е одреден Зоран Васевски од Виница, а контролор на судењето ќе биде Ѓорѓе Гоцевски од Струмица.