Ратко Достаниќ ќе прозива на 26.декември
Новиот шеф на стручниот штаб на Работнички, Ратко Достаниќ, официјално ќе стартува со работа в четврток. На 26.декември во 16 часот е закажана првата прозивка на новиот тренер, кој веднаш почнува со сериозен пристап и ќе одржи неколку тренинзи со тимот во пресрет на новогодишните празници. Потоа ќе следи кус одмор и старт на зимските подготовки пред заминувањето во Анталија.
Првиот дел од сезоната резултатски не беше на посакуваното ниво, но очекувањата се дека пролетта ќе биде многу подобра. Со напорна работа на зимските подготовки под раководство на Ратко Достаниќ, Работнички очекува поуспешен втор дел од шампионатот.