Бранислав Трајковиќ ново засилување за Работнички
Работнички го доведе првото засилување во зимскиот преоден рок. Српскиот интернационалец Бранислав Трајковиќ ја засилува одбраната на тимот за вториот дел од сезоната во македонскиот шампионат. Тој потпиша договор на една година.
Трајковиќ неколку дена веќе тренира со Работнички и се подготвува со екипата за пролетниот дел од првенството.
Бранислав Трајковиќ (30) игра на стоперската позиција, негов последен клуб е белорускиот Ислох, а во кариерата играл и за српските клубови Партизан, Војводина, Земун, Хајдук Кула, Раднички Сомбор.
Работнички в сабота ќе го одигра и првиот пријателски натпревар, во Велес против прволигашот Борец.