Работнички ремизираше против Пирин Благоевград на првиот тест во Анталија
Работнички ремизираше (1-1) против Пирин Благоевград на првиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Нашиот тим дојде во водство со голот на Давид Тошевски во 45.минута, а бугарскиот второлигаш израмни во 84.минута од дуелот.
Работнички имаше повеќе од играта во првиот дел, а не реализира и пенал. Во 28.минута беше досудена најстрога казна, а Себастијан Херера шутираше крај голот.
Работнички поведе во последните моменти од првото полувреме. Херера изведе слободен удар, голманот на Пирин ја одби топката, а на вистинското место беше Давид Тошевски и ја погоди мрежата на противникот.
Пирин Благоевград успеа да стигне до израмнување во 84.минута. По брзата акција од десната страна, беше затресена мрежата на Шишковски.
Тренерот Ратко Достаниќ стартуваше со следниот состав: Јанков, Силјановски, Велковски, Јенбену, Херера, Стојков, Јевтовски, Тодоровски, Шаркоски, Петковски, Тошевски. Во вториот дел шанса добија и Шишковски, Николовски, Трајковиќ, Пановски, Станковски, Вецевски, М. Тошевски, Максимов.