Реми без голови против рускиот Томск
Работнички го одигра вториот пријателски натпревар на подготовките во Анталија и ремизираше без голови против рускиот тим Томск. Во борбен натпревар без многу шанси, составот на Ратко Достаниќ прикажа квалитетна игра, но не успеа да пронајде пат до противничката мрежа. Може да радува играта во дефанзива, но до крајот на подготовките ќе треба да се посвети поголемо внимание и на реализацијата.
Тренерот Ратко Достаниќ го започна натпреварот со следниот состав: Јанков, Силјановски, Трајковиќ, Велковски, Херера, Тодоровски, Петковски, Станковски, Шаркоски, Ломба, Тошевски. Во вториот дел шанса доби и новиот фудбалер Дин Аломеровиќ кој дебитираше во составот на Работнички.