Работнички ги заокружи подготовките во Анталија
Работнички ги одработи десетдневните подготовки во турскиот туристички центар Анталија. Утрово тимот одигра тренинг натпревар со украинскиот Олимпик Доњецк (1-1) по што експедицијата на Работнички се враќа во Македонија. Стрелец на голот беше Давид Тошевски од пенал.
Составот на Ратко Достаниќ тестираше и со бугарскиот клуб Пирин Благоевград (1-1) и со рускиот Томск (0-0). Од следната недела активностите ќе бидат насочени кон првото пролетно коло и натпреварот против Струга Трим Лум.