Крумислав Ѓоргиев ќе го суди мечот Струга Трим Лум – Работнички
Почнува пролетниот дел од сезоната во Првата лига, а Работнички в недела (14 часот) ќе гостува во Струга. Одредени се службените лица за мечот против Струга Трим Лум.
Главен судија на натпреварот е Курмислав Ѓоргиев (Штип), а ќе му помагаат Никола Караколев и Кристијан Џонов. Четврти судија е Стојанче Трпчевски (Кавадарци).
За делегат на натпреварот е одреден Сашко Крстев (Неготино), а контролор на судењето ќе биде Зоран Петковски (Велес).