Струга е минато, следната мисија е Шкупи (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Работнички успешно го стартуваше пролетниот дел од шампионатот во Првата лига, но тоа треба да биде само почеток на убава низа која ја планираат тренерот Ратко Достаниќ и фудбалерите. Следната мисија е Шкупи, кој доаѓа на арената „Тодор Проески“ в недела.
„Секој натпревар за нас има голема тежина, а посебно со оглед на позицијата со која Работнички го стартува овој пролетен дел од првенството. Размислуваме позитивно и се подготвуваме максимално“, вели шефот на стручниот штаб, Ратко Достаниќ.