Јосип Бартон ќе го суди мечот Вардар – Работнички
Работнички в сабота (14 часот) ќе го игра градското дерби против Вардар на арената „Тодор Проески“ во рамките на 21.коло на Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој меч.
Главен судија на натпреварот ќе биде Јосип Бартон (Скопје), а ќе му помагаат Ебрар Таравари (Гостивар) и Александар Ѓорѓески (Тетово). Четврти судија ќе биде Константин Влахо (Скопје).
За делегат на натпреварот ќе биде Џевдет Далипи (Кичево), а контролор на судењето ќе биде Илир Сеља (Струга).