Петковски: Вардар е лидер и ја има фаворитската улога, но ние сакаме да го продолжиме пролетниот налет
Работнички во 21.коло денеска (14 часот) го игра градското дерби против Вардар. По двете пролетни победи против Струга Трим Лум и против Шкупи, ова ќе биде најголемиот испит за составот на Ратко Достаниќ, дуелот против лидерот на табелата Вардар. Но, „романтичарите“ се подготвени за надигрување.
„Вардар ја има фаворитската улога, лидер е на табелата и има одлични резултати во текот на целата сезона. Но, и овој Работнички е сосема поинаков и тимот што потфрли во првиот дел од сезоната. Ние сакаме да собираме бодови на секој натпревар, дуелите со Вардар секогаш будат и посебна инспирација, се надеваме дека можеме да останеме непоразени и да забележиме нов позитивен резултат. И Работнички е во пролетен налет“, вели напаѓачот Петар Петковски.
Мечот меѓу Вардар и Работнички, по препораката од Владата, ќе се одигра без присуство на публика на арената „Тодор Проески“, а ќе го суди Јосип Бартон од Скопје.