Васко Мавров ќе го суди мечот Шкендија – Работнички
Работнички утре (14 часот) ќе и гостува на Шкендија во Тетово, во 23.коло од Првата фудбалска лига. Одредени се официјалните лица за овој натпревар.
Главен судија ќе биде Васко Мавров од Струмица, а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Кире Ангеловски (Струмица). Четврти судија е Марјан Гоцевски (Струмица).
За делегат на натпреварот е одреден Зоран Васевски (Виница), а контролор на судењето ќе биде Зоран Петковски (Велес).