Работнички апелира…„Останете дома“
ФК Работнички како клуб со општествена одговорност совесно ги почитува препораките од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот. Тренинзите на сите генерации од младинската академија како и на сениорскиот погон се одложени на неодредено време, а фудбалерите се вклучија и во кампањата за подигнување на свесност кај граѓаните да останат во домашен амбиент во една ваква ситуација во државата.
„Останете дома, здравјето е заедничка одговорност. Заедно да го победиме коронавирусот.“