Нов едногодишен договор со Драган Стојков
Во насока на задржување на играчкиот костур и за следната натпреварувачка сезона, ФК Работнички денеска го продолжи договорот со Драган Стојков.
31-годишниот Стојков, кој пред една година им се приклучи на „романтичарите“, потпиша нов едногодишен договор.
Драган Стојков (31) има богато интернационално искуство, настапувајќи за грчките клубови Егалео и Илисијакос, српските Јагодина и Напредак Крушевац како и струмичка Беласица. Голем дел од кариерата мина и во Соединетите Американски Држави, каде беше член на ЛА Галакси, Инди и Сент Луис.
Претходно, Работнички потпиша нов двегодишен договор за соработка и со шефот на стручниот штаб, Ратко Достаниќ.