Христијан Пецов го продолжи договорот за уште една сезона
Работнички продолжува со обновување на договорите со дел од фудбалерите од постечкиот кадар. Раководството на клубот најде заеднички јазик со дефанзивецот Христијан Пецов, кој останува да биде член на Работнички и следната сезона. Во наредниот период се очекува да има потврда и од уште неколку имиња дека ќе останат во ростерот на Ратко Достаниќ за новата натпреварувачка сезона.
Христијан Пецов дојде во Работнички од составот на Македонија Ѓорче Петров минатата зима.
Претходно, нова двегодишна соработка со Работнички потпиша шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ, согласност за нов едногодишен договор даде фудбалерот за врска, Драган Стојков, а ново засилување на клубот е Муарем Муарем.