Работнички патува на подготовки во Охрид, веднаш тест со Пелистер
Тимот на Работнички денеска патува на подготовки во Охрид. Клубот ги испочитува сите протоколи по појавувањето на еден случај на позитивен тест на коронавирусот, а по повторното тестирање сите фудбалери се негативни. По ова, експедицијата заминува на подготовки во Охрид и вечерва (18.30 часот) ќе го одигра и закажаниот пријателски натпревар против Пелистер на стадионот „Билјанини извори“.
Фудбалерот кој беше позитивен на Covid-19 останува во самоизолација по што ќе мора да го мине и вториот тест на коронавирус пред да се приклучи на подготовките со останатиот дел од тимот.