Триумф над Пелистер во првиот летен тест
Работнички успешно ги стартуваше летните подготовки за новата сезона. Во првиот пријателски натпревар тимот на Ратко Достаниќ оствари сигурен триумф над новиот прволигаш Пелистер со 2-0.
Работнички прикажа допадлива игра и поведе во 32.минута со одличниот погодок на капитенот Горан Силјановски. Тој со прецизен удар од 16 метри успеа да го совлада противничкиот голман.
Во вториот дел, нашиот тим постигна уште еден погодок, а стрелец беше Џордан Ломба во 68.минута од натпреварот.
Тренерот на Работнички, Ратко Достаниќ натпреварот против Пелистер го почна со следниот состав: Јанков, Силјановски, Трајковиќ, Ѓорѓевиќ, Зука, Станковски, Тошевски, Шаркоски, Стојкоски, Максимов, Тодоровски.
Експедицијата на Работнички денеска замина на подготовки во Охрид каде ќе го реализира вториот дел од подготовките.